Насловна / Вести / Стартува Power up! натпреварот за одржлива енергија

Стартува Power up! натпреварот за одржлива енергија

Power up

Најголемото европско натпреварување за стартап компании за финансирање и развој на енергетски проекти Power Up! веќе започна и е отворено за пријавување и на македонски компании. Пријавувањето на тимови и проекти трае до 11 септември. Потоа, тимовите ќе учествуваат во работилници на кои ќе имаат прилика за детална разработка на проектите и истите да ги претстават пред инвеститори и експерти. Регионалните финалиња ќе бидат во октомври, а во ноември 2017  во Будимпешта ќе се одржи големото финале.

Kickoff...

Натпреварот има за цел да ги поддржи иновациите во областа на енергетиката, а победнците ќе добијат парични награди како и пристап до престижниот акцелератор  Highway® by InnoEnergy. Паричните награди се во висина од 20.000 до 150.000 евра, а можат да се пријавуваат и стартап компании од Македонија. Повеќе информации на следниот линк: http://powerup.innoenergy.com/en/challenge/powerup-competition-2017

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top