Насловна / Вести / Стартува обврската за енергетски пасоши за згради

Стартува обврската за енергетски пасоши за згради

Rohbau Einfamilienhaus und Pläne, EnergieeffizienzСо почетокот на новата 2015 година стартува и обврската за поседување енергетски пасош, односно серитификат за енергетски карактеристики на зграда со кој се покажува дека градбата ги исполнува условите за енергетска ефикасност предвидени во Законот за енергетика. Сертификатот ќе го издава овластено правно лице и без него градбата нема да може да се стави во употреба, а ќе важи 10 години.

Од денеска сите субјекти кои сакаат да градат нов објект, ќе бидат обврзани да извадат сертификат за енергетска ефикасност. Со тоа, сметаат одговорните, ќе се воведе целосна контрола во спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност, почнувајќи од проектната документација, па се до финализирањето на објектот и неговото предавање во употреба.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top