Насловна / Архитектура / Станбен блок од Design Band Yoap

Станбен блок од Design Band Yoap

Yoap White House (9)
Именуван какоYOAP White House, објектот зазема аголна парцела во сеулскиот дистрикт Бангбае. Локацијата се одликува со должина од 20 м и ширина од 8 м, па затоа за корејското студио Design Band YOAP основен предизвик претставувал дизајнот на петкатна резиденцијална зграда, обезбедувајќи доволно простор за да се сместат осум студија и еден полуксузен апартман.
Yoap White House (1)

Екстериерот на објектот е малтерисан во бела боја и се карактеризира со серија од засечени агли кои отвораат можности за дополнителни наклонети прозорски отвори, како и вовлечена кровна тераса.
Yoap White House (4)
Како контраст на монохромниот екстериерен израз, ентериерот е декориран со примена на живописни бои. Ѕидовите во коридорите се обоени во доминантна сина и зелена боја, додека пак скалишниот простор е обоен во жолта нијанса.
Yoap White House (6)Yoap White House (7)
Влезните сегменти до секој стан се потенцирани со црвена боја, означувајќи ја трасата на движење низ асиметричната внатрешност.
Yoap White House (5)
Секој апартман се одликува со симплифицирано организирана основа, на таков начин што ниеден од деветте апартмански простори не попречуваат помеѓу себе.
Yoap White House (8)Yoap White House (2)Yoap White House (3)

Испрати коментар

Scroll To Top