Насловна / Вести / Стакленик кој покажува дека глобалното затоплување дури и за еден степен е голема работа

Стакленик кој покажува дека глобалното затоплување дури и за еден степен е голема работа

Филмовите што ни ја покажуваат иднината обично не „зборуваат“ залудно.

Ако се сеќавате на сцената од продукцијата Интерстелар што покажува трпезариска маса со леб од пченка, гарнир од пченка, како и цели зрна пченка, не можете да не се запрашате за што станува збор? Климатските промени се она што ги направило условите на планетата толку лоши што само пченката останала одржлива култура. Дали нè чека таква иднина?

staklenik

Многумина ќе речат дека тоа е „само филм“ и дека сме далеку од него, но дали е навистина така? Колку и да одбиеме да си признаеме, времето се менува, се случува глобалното затоплување и се движиме со забрзано темпо кон губење на бројни растителни и животински видови засекогаш, а по нив – и самите себе. Зголемувањето на само еден степен Целзиусов на глобално ниво не е занемарливо, бидејќи тоа значи дека сме сè поблиску до сценариото од споменатиот филм.

staklenik1

Ви претставуваме стаклена градина специјално дизајнирана за да ги едуцира луѓето низ Велика Британија за глобалното затоплување. Имено, неговата цел е да им покаже на луѓето како зголемувањето на температурата ќе влијае на посевите од различни региони. Научниците предвидуваат дека нивото на квалитет на воздухот може да биде и до пет пати полошо до 2050 година, а приносот на земјоделските култури ќе се намали за 30 отсто, кога температурите ќе се зголемат за четири степени во споредба со денес.

staklenik2

Светот во моментов е во трка со времето да го запре глобалниот пораст на температурата, бидејќи тоа би значело крај на животот каков што го знаеме. Овие промени ќе имаат директен ефект врз земјоделските култури во стаклена градина, така што луѓето ќе можат живописно да добиваат впечаток за тоа што е многу веројатно да се случи. Еден степен можеби не значи многу за кога се луѓето се на плажа, но тоа значи смрт за земјоделството и колапс на цели екосистеми. Studio Weave го дизајнираше Hothouse, мала стаклена градина исполнета со тропски растенија што на опиплив начин ги покажува ефектите од климатските промени.

staklenik3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top