Насловна / Архитектура / Koemmerling: Прозорец како компонента на пасивна куќа

Koemmerling: Прозорец како компонента на пасивна куќа

По 22 години од изградбата на првата нискоенергетска куќа, денешниот термин „пасивна куќа“ станува стандард кон кој се стремиме и несомнено претставува една од водечките теми во областа на енергетската ефикасност. На популаризацијата на темата нискоенергетски објекти и вонархитектонската и градежната професија, придонесува и сеприсутното уверување за неизбежноста на климатските промени, со сите негативни последици предизвикани од човековото делување. Нарушен екобаланс, недостаток на енергенси и зголемувања на цените на традиционалните енергенси, како и сознанијата  за негативните ефекти од штетните емисии во воздухот, ги охрабри властите во сите развиени држави да развиваат поефикасни стратегии, со цел поттикнување заштеда на енергија и развој на нови техники и технологии за поголем степен на искористеност и заштеда на енергија.

88-Einfamilienhaus-1_resize

Бидејќи повеќе од 40 % од енергијата произведена во Европа е поврзана со функционирањето на зградите, напорите да се постигнат значителни заштеди во градежништвото, произведоа сосема нови градежни техники и технологии, чии репрезенти се сосема нови термини, како: нискоенергетски куќи, тролитарски куќи, пасивни куќи, нулта енергетски куќи, енергетски самостојни куќи, плусенергетски куќи.

modern-saniertes-EFH-Nettetal-11_resize

Денес, само во Европа, постојат повеќе национални стандарди и насоки кои имаат за цел дефинирање на техниките и технологиите кои се употребуваат за да се намали употребата на енергија во објектите, и кои пропишуваат прилично строги стандарди со кои мора да се задоволат различните компоненти на нискоенергетските згради, особено на пасивните куќи.

Passivhaus-MD-1_resize

Неодамна во Сараево беше промовирана првата пасивна куќа, за чија реализација се заслужни домашни компании собрани на иницијатива на Промо од Долен Вакуф. Целта на проектот е првенствено да се покаже дека во Босна и Херцеговина е можно да се гради со пасивен стандард, со домашен ум и со домашни материјали (освен секако одредени технички капацитети) и дека таквата градба има своја економска и еколошка оправданост.

38_System-88-MD-Standard_weiss_web_resize

Една од компонентите на првата пасивна куќа во БиХ се прозорците изработени од домашната компанија FTM од Нови Травник, според насоки на германскиот бренд Koemmerling. Станува збор за прозорци изработени според системот Koemmerling 88 и тоа во Passivhaus варијантата. Ваквите прозорци претставуваат врвен сегмент на технологијата и нудат state-of-the-art технологија на прозорци.

modern-saniertes-EFH-Nettetal-15_resize

Како што е познато, само во Европа постојат повеќе стандарди и насоки кои настојуваат да ја дефинираат изградбата на нискоенергетски згради, сепак сите тргнуваат од стандардот дека прозорецот, како една од послабите точки на пасивните куќи мора да има коефициент на пренос на топлина под 0,8 W/m2K. Топлината се пренесува преку прозорецот на сите три нам познати начини на пренос на топлина, од кои кондукцијата е најзначајна. При таков пренос на топлина, прозорската рамка има поголемо значење од уделот што го остваруваат во површината на целиот отвор. Од една страна, тој го носи термоизолационото стакло, а од друга страна, настојува да постигне што подобар спој со објектот, по правило со несродни материјали. Ваквата  улога на посредник помеѓу стаклото и објектот е логично предодредена за место на конфликтот, на што придонесуваат сите дополнителни функции на рамката, поврзани со статиката, термиката и акустиката, односно за генерална употреба на прозорците. Сепак, мноштвото компромиси и балансирањето на сите наведени функции, во случај на рамката на прозорецот, која е и сертифицирана компонента за пасивни куќи, ни најмалку не влијае на нејзините термички перформанси.

Во конкретниот случај, рамката на прозорецот на првата пасивна куќа во БиХ, изградена во системот Koemmerling 88 Passivhaus, има коефициент на пренос на топлина помал од 0,8 W/m2K, што заедно со стаклото за топлинска изолација, на крајот дава прозорец Passivhaus со пренос на топлина помал од 0,8 W/m2K.

88-Haustuer-4_resize

За да ни биде појасно ова достигнување, доволно е да се споредат термичките перформанси на Passivhaus прозорците со стариот дрвен прозорец од доцните 80-ти години, крило на крило, кој е сè уште значително присутен во куќите во БиХ. Иако неговиот коефициент на пренос на топлина е најчесто поголем од 3 (земајќи ја предвид староста на прозорецот), да го земеме овој коефициент како пример. Загубите на топлина низ таков дрвен прозорец во текот на еден ден изнесуваат најмалку 5 KW. Само со замена на таков прозорец со Passivhaus прозорец, ќе се оствари заштеда над 3,5 KW за еден ден или 105 KW месечно. За каков вид заштеда на крајот може да се работи е доволно да се помножи последниот број со бројот на прозорци на просечна куќа. (за внатрешна температура од +20° и надворешна -10°).

88-Einfamilienhaus-12_resize

Меѓутоа, термичките перформанси на новиот прозорец не значат многу, доколку не се придружени со високи перформанси на воздухонепропусност и стабилност на оптоварувања предизвикани од ветер и дожд. Бидејќи целиот концепт на енергетската ефикасност на пасивната куќа е заснован на поголеми почетни вложувања во замена за долгорочна ефикасност, која ќе резултира со конкретни заштеди, и прозорецот како компонента на пасивна куќата мора да има долгорочна, ако не и трајна енергетска ефикасност, која не смее да се намали со опаѓање на другите, погоренаведени перформанси.

Во нашиот конкретен случај, прозорецот Koemmerling 88 Passivhaus ги има наведените перформанси на воздухонепропусност и стабилност на оптоварувањата предизвикани од ветер и дожд во премиум класата. Ова значи херметичност класа 4, E900 до E1350 за налети на дожд и C5/B5 класа за налети на ветер. Повторно, за да ги појасниме наведените вредности, прозорец, кој според своите перформанси на отпорност на ветер спаѓа во класата C5/B5, би требало да издржи притисок од 3000 Pa, односно сликовито, налети на ветер со брзина од 250 Km/h. Такви брзини ветерот постигнува кај ураганите од категорија 4, а најпознатиот ураган во поновата историја, ураганот Катрина, кој го опустоши јужниот дел на САД, во контакт со копното беше ураган од 3 категорија.

88-Einfamilienhaus-13_resize

На крајот, прозорецот како компонента на пасивна куќа, покрај своите најзначајни перформанси, а тоа е отпор на пренос на топлина, мора да биде во состојба да ги задржи сите свои иницијални карактеристики. Passivhaus прозорецот мора да понуди највисоки перформанси во повеќегодишен период, од кои најважните се поврзани со еднаква заптивност, операбилност и употреба, како по вградувањето, така и по напрегањата, најчесто предизвикани од дожд и ветер и од температурни осцилации. Врвните перформанси на прозорците, како компоненти на пасивна куќа, мора да бидат долготрајни, бидејќи целиот концепт на пасивна куќа се заснова на максималните перформанси на сите компоненти во текот на целиот нивен животен циклус, со што самиот концепт на пасивна куќа би бил економичен и одржлив.

Комерцијален текст

kommerling_logo_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top