Насловна / Вести / Стаклена тула појака од бетон

Стаклена тула појака од бетон

Kristal haus amsterdam

Компанијата MVRDV употреби нова технологија во користењето на стаклото, со цел замена на фасадата од тули на поранешната градска куќа во Амстердам со соодветна транспарентна реплика која е во духот на модерната архитектура и соодветствува со намената на објектите денес, како што е бутикот на „Chanel“ сместен во објектот.

Опишана од страна на фирмата „Rotterdam studio“ како прва од овој вид, иновативната фасада „Crystal Houses“ во Амстердам користи стаклени тули и прозорски профили со намера да остане верна на традиционалниот градски стил. Стаклените тули се споени со помош на транспарентно лепило со висока цврстина. Според MVRDV, конструкцијата е „многу појака во споредба со бетонот“, што е докажано низ процесите на тестирање.

Kristal haus Amsterdam1

Кон горните катови елементите од стакло се споени со оригинална цигла теракота, па се создава впечаток како ѕидот да се растопува. Архитектите сметаат дека технологијата нуди решение за забележливото губење на локалниот карактер на градските центри ширум светот, каде главно доминираат стаклени излози.

Kristal haus Amsterdam2

„Crystal Houses“ му дава простор на бутикот на овој водечки бренд, но почитувајќи ја структурата на околината со иновативен пристап во стаклените „Crystal Houses“, се наоѓа во PC Hooftstraat, поранешна резиденцијална улица, која денес е средиште на повеќе луксузни бренвови како Prada, Dior и Rolex.

Kristal haus Amsterdam fazi

Истражувачите од Delft University of Technology во партнерство со градежната ABT и изведувачот на работите Wessels Zeist ги тестирале структуралните решенија и техниките на производниот процес.

Kristal haus amsterdam testiranje na st.tuli vo Delft uni.

Произведителите на стакло „Poesia“ од Венеција направиле тули од цврсто стакло, додека германската компанија “Delo Industrial Adhesives” специјализирана за индустриски лепила обезбедила лепило со одлични својства. „Во процесот на производство потребни се најмодерни ласери и лабораториски UV ламби.

Kristal haus Amsterdam izgradba

„Шест до 10 стручњаци работеа секој ден во текот на цела година, на местото кое повеќе личеше на лабораторија отколку на градилиште“, велат од компанијата MVRDV.

За оваа компанија „Crystal Houses“ е појдовна точка кон нова визија и иднина на стаклото во градежништвото. Една од главните предности на овој концепт е дека материјалот во целост може да се рециклира.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top