Насловна / Архитектура / Стадионот „Жоао Авеланж“ домаќин на натпреварите во атлетика на ЛОИ 2016

Стадионот „Жоао Авеланж“ домаќин на натпреварите во атлетика на ЛОИ 2016

stadion zoao avelanz (1)Олимпискиот стадион „Жоао Авеланж“ (João Havelange) е стадионот на кој се одвиваат натпреварите во атлетика на ЛОИ 2016. Овој мултифункционален стадион се наоѓа во близина на областа Engenho de Dentro во Рио де Жанеиро, Бразил. Стадионот е домаќин и на Параолимпијадата.

Наменски, објектот најмногу се користи за фудбалски натпревари и за атлетика и е домашен терен на фудбалскиот клуб „Ботафого“. Стадионот е изграден од страна на конзорциум под раководство на Odebrecht СА, од 2003 до 2007 година, а официјално е отворен во 2007 година за Панамериканските игри.stadion zoao avelanz (2)

Автори на стадионот се архитектите Carlos Porto и Gilson Santos.

Стадионот е познат по повеќе имиња. Прекарот Engenhão се однесува на локацијата на стадионот. Од 2015 година, градот Рио му дозволи на „Ботафого“ да го користат името „Нилтон Сантос“ во чест на Нилтон Сантос, кој се смета за еден од најголемите голмани во историјата на фудбалот и член на Светскиот тим на 20 век. Клубот „Ботафого“ се обиде ова име да биде и официјално име на стадионот, но ова било одбиено.stadion zoao avelanz (3)

За време на градењето во 2006 година

Во март 2013 година биле идентификувани градежни проблеми на покривот поради што стадионот бил затворен за да се извршат потребните поправки во 2014 година. Капацитетот на стадионот е 46.931 но за ЛОИ 2016 е зголемен на 60.000 места.stadion zoao avelanz (6) (FILE) Governor of Rio de Janeiro Closes Venue to be Used in the Olympics 2016

Вкупната цена на градењето на стадионот изнесува 192 милиони долари и е за три пати повеќе од почетната сума што ја предвидувале инвеститорите.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top