Насловна / Вести / 10 држави со најдобра инфраструктура во светот

10 држави со најдобра инфраструктура во светот

Развиена, квалитетна, безбедна и ефикасна инфраструктура која континуирано се одржува и надградува, е основа за развојот на економијата на една земја. Според  извештајот на Светскиот економски форум (WWF -World Economic Forum), пренесен од страна на порталот Business Insider,  ова се 10-те земји со најдобра инфраструктура во светот:

1. Хонг Конг

Првото место Хонг Конг го зазема првенствено заради извонредниот квалитет на целокупната сообраќајна инфраструктура.

Hong Kong

2.  Сингапур

Освен со извонредната инфраструктура, економијата во Сингапур има одлична потпора и во транспарентната и ефикасна институционална рамка и стабилното макроекономско опкружување, се наведува во извештајот на  WWF.

Singapur3

3. Холандија

Иако треторангирана во вкупниот пласман, Холандија се најде на првото место според квалитетот на инфраструктурата на пристаништата и на втора позиција според квалитетот на патната инфраструктура.

Holandija

4.  Обединети Арапски Емирати (ОАЕ)

Иако се први по квалитетот на патиштата, 10-тата позиција за квалитетот во снабдување со електрична енергија ги позиционираа Емиратите на четврта позиција.

OAE

5.  Јапонија

Ова е земјата што е прворангирана по однос на железничката инфраструктура. „Бенефитите за Јапонија од одличната инфраструктура резултираат во извонреден квалитет на живот и просечен животен век од над 80 години“, се вели во извештајот.

Japonija

6.  Швајцарија

Веднаш зад Јапонија, на второ место според квалитетот на железничката инфраструктура, додека според квалитетот на снабдување со електрична енергија Швајцарија е најдобра во светот.

Svajcarija

7. Германија

Germanija

8. Франција

Francija

9. Велика Британија

Velika Britanija

10. Шпанија

Spanija

Извештајот на WWF е достапен на следниот линк: http://www3.weforum.org/docs/gcr/2015-2016/Global_Competitiveness_Report_2015-2016.pdf

И според извештајот на  Институтот за светска економија во Кил (Kiel Institute for the World Economy), објавен во 2014 година, Хонг Конг и Сингапур се најдобро рангирани. Во пошироката листа рангирани се вкупно 140 земји, а Македонија се најде на 88 место.  Публикацијата може да ја погледате на следниот линк: https://www.ifw-members.ifw-kiel.de/publications/a-new-global-index-of-infrastructure-construction-rankings-and-applications/KWP_1929.pdf

Испрати коментар

Scroll To Top