Насловна / Арт и дизајн / Сикстинската капела се сели во Виена

Сикстинската капела се сели во Виена

imager.phpАко не ви се допаѓаат гужвите и долгите редици, а сакате одблизу да ги видите монументалните фрески на Микеланџело од Сикстинската капела, тогаш оваа есен, секако, тргнете кон Виена. Таму, од 1 септември од 4 декември, во виенска Votivkirche може да ги погледнете висококвалитетните реплики на овие чудесни фрески.mikelandjelo vo viena (4)

Изложените 34 фрески се речиси иста големина како и оригиналните тавански дела на големиот италијански мајстор во Сикстинската капела, создадени од 1508 до 1512 година.

Бидејќи виенската Votivkirche е двапати поголема од Сикстинската капела, фреските ќе бидат изложени многу пониско од оригиналните, односно во висина на очите, и затоа посетителите на изложбата ќе имаат можност поблиску да ги погледнат отколку оние во Рим.mikelandjelo vo viena (2)

Како основа за репликите послужиле фотографиите на австрискиот уметник Ерих Лесинг, а благодарение на широко подготвителните работи на организаторите на изложбата, тие успеале во беспрекорната интеграција на делата на Микеланџело во сакралното опкружување на виенската Votivkirche.mikelandjelo vo viena (3)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top