Насловна / Вести / Споменик на Карл Маркс за родниот Трир – подарок од Кина

Споменик на Карл Маркс за родниот Трир – подарок од Кина

Во знак на одбележувањето на 200 годишнината од раѓањето на Карл Маркс, гигантски брознен споменик се откри во неговиот роден град Трир во Германија. Овој споменик предизвика контроверзи по две основи – затоа што е симбол на комунизмот, и затоа што е подарок од Кина.

Полемиката за тоа дали да се прифати подарокот, во овој мал град во близина на Луксембург траела цели две години. Главно поради непочитувањето на човековите права во Кина. Конечно, статуата од 4,5 метри, која е дело на најпознатиот кинески скулптор осамна во родниот град на Маркс.

Trier 1

Unveiling Karl Marx statue in Trier

Испрати коментар

Scroll To Top