Насловна / Арт и дизајн / Споменици на примирје и жртви на Големата војна

Споменици на примирје и жртви на Големата војна

Европа одбележа стогодишнина од примирјето во Првата светска војна. Гомелата војна, како што ја нарекувале подоцна, се мислело дека ќе биде и последна, но епилогот нешто повеќе од две децении подоцна го побил тоа тврдење. Централната манифестација се одржа во Париз во присуство на повеќе од 80 шефови на држави и влади. Годишнината ги собра не само еврпските, туку и повеќе светски лидери, чии држави земале учество во Големата војна – дали на страната на победникот или на страната на победените.
За да не се продлабочуваат разликите и историските ривалитети и понатамо, одлучено е да се слави тоа драгоцено примирје, а да не се величаат победниците, односно, да не се понижуваат поразените, туку вниманието да се сврти кон разорните последици, кои оваа војна на сите им ги донесе. Како и да е не смее да се заборави жртвата која ја поднеле народите во чија чест се подигнати славни споменици ширум Европа. Споменици на жртвите и значајните битки во Првата светска војна. Во слава на жртвите и во чест на приомирјето вреди да се направи осврт на еден од најзначајните споменици во Европа и еден на Балканот.

Костурница во Дуамон

7

Споменикот кој со својата големина, форма, но и со бројот на погребани војници влева стравопочитување, секако дека е Костурницата во Дуамон. Костурницата која се наоѓа во Дуамон, Франција е споменик на војниците кои загинале на бојното поле. Подигната е во 1932 година во спомен на големите битки на Верден, кои траеле 300 дена, од февруари до декември 1916 година.

5
Во костурницата се погребани околу 130.000, најголем број неидентификувани, загинати француски и германски војници. Оние чии имиња останале забележани, гравирани се на камени плочи по ѕидовите и плафоните внатре во костурницата. Надвор од костурницата се простираат најголеми воени француски гробишта на отворено на кои се погребани повеќе од 16.000 војници загинати на Верден.

2
Автори на овој комплекс се архитектите Леон Азема, Макс Едреи и Жак Арди.
Архитектурата на оваа костурница носи особена симболика. Изведена е од повеќе видови камења, како оноие во екстериерот, така и оне во ентериерот, во експресионистичка форма на фортификациска архитектура.

6

Покрај кула висока 46 метри се простираат хоризонтални кракови на комплексот, обликувани да потсетуваат на вкопани, подземни бункери, по примерот на вистински комплекс на бункери и тунели кој 1913 година е изграден токму во Дуамон, околу кој се водени некои од најжестоките борби на Верден. Високата кула има панорамски поглед на боиштата, украсена е со едноставни мотиви на христијански крст, доделена и е симболична улога на место за набљудување. Во кулата има бронзено ѕвоно тешко два тона, наречено Bourdon de la Victoire, кое секогаш се огласува на официјални церемонии. На врвот на кулата се наоѓа ротирачки светилник, наречем „фенер на мртвите“, кој ноќе со црвени и бели светлосни снопови ги осветлува боиштата и укажува на значењето на костурницата и гробиштата.

Зејтинлик во Солун

10
Она што за западна Европа бил Верден, за Балкан бил Солунскиот фронт. Далеку позади борбените линии, на местето наречено Зејтинлик во Солун (тогаш предградие), изграден е комплекс на сојузнички гробишта, каде српските завземаат централно место.
На Зејтинлик се сместени гробовите на српските, француските, италијанските, англиските и руските војници загинати во пробојот на Солунски фронт во Првата светска војна. Компелсот на гробиштата е подигнат на место на кое од 1916 година се наоѓала Главната војна полска болница на српската војска, во склоп на која настанале и гробишта кои со време прераснале во денешниот комплекс.

8
Централна точка на гробиштата е костурницата, подигната и осветена на 11 ноембри 1936 година, точно на Денот на примирјето . Во нејзе се погребани остатоците од 5.580 српски војници, додека околу нејзе има уште 1.448 гробови.
Проектирањето и извдбата на целиот комплекс започнало десет години порано, кога на конкурс победило решението на архитектот Александар Васиќ, неговиот проект го разработил рускиот архитект Николај Краснов, кој живеел и работел во Белград и веќе бил ангажиран на разработка на проектот за костурницата на Крф. Целиот материјал за изградба на гробиштата, пред се каменот, потекнува и обработуван е во Србија.

12
Од главниот влез во комплексот води широка стаза до костурницата со крипта над која е подигната капела. Костурницата изградена од камен е вкопана во сутерен, а над нејзе е поставено плато со спомен капела. Капелата исто така изградена во камен е во нео-византијски стил со мозаици на Архангел Михаил и Св. Ѓорѓи поставени на предната страна и позади над вратата, влезот во капелата. Поставени се и плочи со стихови на петот Воислав Илиќ. Внатре во костурницата се плочи со натписи на знаени и незнаени јунаци, како и сите единици кои учествувале во пробојот на Солунскиот фронт.

9

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top