Насловна / Арт и дизајн / Парискиот стан на големиот Ле Корбизје е повторно отворен за јавноста

Парискиот стан на големиот Ле Корбизје е повторно отворен за јавноста

Секогаш сакаме да видиме убаво украсен ентериер независно од сопственикот, но некако тоа е уште поинтересно кога знаеме дека некој архитект го креирал за себе, особено ако се работи за едно од големите имиња. Од оваа, како и од низа други причини, не израдува веста за обновениот дом на славниот француски архитект Ле Корбизје, кој по две години повторно е отворен за јавноста.корбизје (1)

Проектот бил предводен од фондацијата која го носи неговото име Fondation Le Corbusier, а вреди да се потсетиме дека станот, заедно со славниот архитект, бил дизајниран и од неговиот колега, Пјер Жанерет. Станот се наоѓа во 16-тиот париски арондисман, а Ле Корбизје тука живеел со својата сопруга Ивон, домашната помошничка и нивното куче, во периодот од 1934 до 1965 година.корбизје (2)

Станот се простира на седмиот и осмиот спрат на зградата и се состои од студио за креативна работа, кујна со прекрасен поглед, дневни соби и спални соби инспирирана од океанот.корбизје (3) корбизје (4) корбизје (5) корбизје (6)

Испрати коментар

Scroll To Top