Насловна / Вести / Прв аерогел направен од пластични шишиња

Прв аерогел направен од пластични шишиња

Пластичните шишиња се еден од најчестите видови отпад, па во интерес на сите е да се пронајдат што е можно повеќе начини за нивно рециклирање и повторно употребување. Имајќи го тоа во педвид, истражувачите од  National University of Singapore (NUS) развиле ефтин начин на претворање на ваквите шишиња во многу корисен аерогел.

Имено, тимот од NUS  започнал со истражување со шишиња од најчесто користениот материјал полиетилен терефталат  (PET). PET  материјалот се одвојува во влакна, кои тогаш се обложуваат со силициум. Оттука, производниот процес станува прилично сложен, но во суштина вклучува хемиско третирање на влакната, така што ги проширува, а потоа ги суши. Резултатот е лесен, порозен, флексибилен и издржлив аерогел, кој е прв на светот материјал добиен од PET и има потенцијал за широка примена. Ако на пример, тој с епремачка со различни соединенија од метил група, може да апсорбира просечна нафта до седум пати поефикасно од другите комерцијално достапни сорбентни материјали.  Исто така, може да се користи за топлинска и звучна изолација во зградите, или (кога е преачкан со соединение од амиснката група) како филтер кој ги задржува честичките од прашина и јаглерод диоксид во повеќекратните заштитни маски за лице.  Истражувачите дополнително ги разгледуваат површинските модификации кои би му дозволиле на материјалот да ги „зароби“ отровните гасови како на пример јаглерод моноксидот.

Можеби неговата најдобра примена би била за заштитна изолација на пожарникарските одела. Кога материјалот е обложен со хемиски средства за заштита од пожар, во состојба е да издржи температури до  620°C,  судејќи според  NUS,  што е седум пати повеќе во однос на конвенционалните изолациони материјали кои обично се користат кај таквиот вид облека. Аерогелот е тежок само околу 10% во однос  на конвенционалните материјали, а исто така е помек и пофлексибилен. NUS  ја патентирал оваа технологија и сега бара партнери за помош во комерцијализацијата . Истражувањето е неодамна објавено во списанието Colloids and Surfaces A.

pet1

pet2

pet3

pet4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top