Насловна / Градежништво / Спектакуларно рушење на цела населба во Глазгов

Спектакуларно рушење на цела населба во Глазгов

dscf4088
И во Западна и во Источна Европа, шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век се карактеризираат како период на масовна изградба на цели населби. Скоро секој град има такви области. Еден од најголемите вакви комплекси е изграден во Глазгов, популарната Црвена улица (Red Road).
maxresdefault
Се работи за комплекс од осум згради од кои највисоката има 31 кат, и во која во шеесеттите, односно во времето на оптимизмот по Втората светска војна, живееле 5.000 луѓе. Но, тој оптимизам веќе одамна го нема, а кон крајот на седумдесеттите населбата почнува да пропаѓа. Станува легло на криминални банди, а дури и самото минување во близина на зградите станало опасно.
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Градот долго се обидувал да најде решение за овој проблем. Две згради биле претворени во студентски дом и хостел на христијанската младина, но општото пропаѓање не можело да се спречи. Затоа е донесена одлука за рушење со експлозив, по што во краток рок се срушени две од зградите. Останатите шест ќе бидат срушени  на спектакуларен начин: ова лето Глазгов е домаќин на Игрите на Комонвелтот, па преостанатите згради ќе бидат срушени истовремено со церемонијата на отворањето.
Red Road block demolished in 2012

Испрати коментар

Scroll To Top