Насловна / Арт и дизајн / Спартански волумен

Спартански волумен

Овој дом следи концепт на кутија која се прилагодува на реалните секојдневни потреби, толку неопходни за функционирањето на едно урбано живеалиште во градскиот хаос од кој мора максимално да се профитира.
Станува збор за мал двособен стан, во северната периферија на Милано. Изведен со минимален буџет, без притоа да се занемари квалитетот, потребен за негово континуирано функционирање. Проектот е насловен како UPTOWN FOLKS (по песната на Dope Lemon), бидејќи полемизира со веќе здивениот маркет на недвижности, преку агресивна реклама на градежната операција наречена UPTOWN MILANO.

PRG_01
Апартманот се наоѓа во населбата Комасина, целосно подигната во 70-тите години, по принципите на атинската карта, со голем акцент на социјалните станови, кои се ограничени во изградбата и со определен стандард на големина, соодветни на условите во тоа време. Задачата беше како да се адаптираат новите потреби искористувајќи ја светлината и преадаптирањето во нови пофлексибилни простори.

03_06A4444
Апстрактно е замислен како бела матрица, ментално присутна во нашето секојдневно постоење. Секако за да се адаптира на реалноста се склопува во упростени елементи, затоа што домот на денешното време најмногу пати од пренатрупаност и манијакалната пристрасност да се пополни секое слободно ќоше.

02_06A4384
Внатрешниот простор е замислен како монолитен и унифициран, затворен од ѕидови и прозорци кои при идеални услови овозможуваат струење на умерени звуци од горенаведената песна, која го исполнува волуменот со јачина од 40 децибели. Звучното одекнување парцијално се надополнува и контаминира со надворешниот градски превоз и природните звуци од блискиот парк. Преку таква добиена акустика, можат да се осетат чистите и искрени целини од станот. Просторот не сака во никој случај да ги деконцентрира овие природни ресурси од околината.

05_06A4430

Тие дополнителни звучни нијанси се определени преку неколку бои:

– титаниум (сивобела боја), подот во отворениот салон со кујната и спалната соба. Во текот на денот задава бел контекст, упивајќи од сончевата експозиција, а навечер добива темносива боја и попрецизно ја определува ограниченоста на ѕидовите од подот,
– жолтата, подот во бањата, инспириран од жолтата линија на крајната метро станица каде се наоѓа станот,
– блу авио, кој ја обиколува кујната и надворешната тераса, по потрага на потребата од градскиот спокој,
– розова во спалната соба , со поглед на таванот која ја маркира границата помеѓу рационалните дневни размислувања и ноќните нерационални соништа.

09_06A4270

10_06A4278
Сите овие елементи се изведени од микроцемент, кој дава јачина и конзистентност на материјата низ времето кое ќе мора да го афирмира, со цел да се надживеат класичните фуги и определби кои ги диктираат материјали како керамиката, гресот или паркетот. Предимство се добива и при самата изведба, бидејќи побрзо се определува организацијата на градилиштето, отколку при монтажа на класичните производи.
На тој начин се добива простор без конкретна граница помеѓу хоризонталните и вертикалните поставувања, давајќи возвишена предност на функционалноста на мебелот. Импресија на удобно лебдење.
Клучен елемент во отворениот простор е секако лампата ГРОК, која типолошки е дизајнирана за канцелариски простор, но заради нејзината неконвенционалност е поставена на ѕидот во дневната зона и ја нарушува класичната домашна подреденост. Две столици во тортора и авио се надополнуваат на полиците и ѕидот од кујната и со тоа го задаваат само елементарното потребно во дефинирање на еден суперспартански простор.

08_06A4330
Стан КК во Милано, Италија
Проектант: Александар Петров
Соработник: Вардан Серафимовски
година: 2018

Автор: Александар ПЕТРОВ, дипл.инж. арх.

(за Порта 3 од Италија)

Фото: Marcela Greassi, Barcelona

Испрати коментар

Scroll To Top