Насловна / Арт и дизајн / „Ослободители на Скопје“

„Ослободители на Скопје“

Споменикот во чест и слава на борците, учесници во НОБ „Ослободители на Скопје“ се наоѓа пред зградата на Владата на Република Македонија.

1
Споменикот е дело на вајарот Иван Мирковиќ (1893 – 1988). Сликарот и вајарот Иван Мирковиќ е роден на хрватскиот остров Паг. Дипломирал ликовна акдемија во Прага во класата на Ото Оскар Шпаниел, а за време на студиите учел и од Влахо Буховац. Најчесто сликал рибарски мотиви и далматински пејзажи користејќи се со разни сликарски техники. Се занимавал и со вајарство, карикатура и сликарство.

8

Самостојно изложувал во низа европски градови, а учествувал и на назиа групни изложби. Имал и две ретроспективни изложби. Изработил меморијални споменици во Трогир, Сињ, Подгора, Вис, Паг, Скопје. Најголем дел од својот живот го поминал во Сплит.

7
Споменикот од бронза „Ослободители на Скопје“ е композиција која се состои од 7 скулптури во борбени пози против окупаторот:
- борец на чело на композицијата кој со пушка во рака ги охрабрува соборците на јуриш
- жена во одлучен став со пушка во раце
- дете – борец со огнено оружје (за оваа скулптура се вели дека е накнадно додадена, на иницијатива на нарачателот за да се покаже и учеството на пинерите во НОБ и дека малку ја нарушува целата композиција)
- борец кој со едната рака придржува ранет другар, а со другата фрла бомба
- борец на умирање кој последни сили го држи знамето
- младинец кој извлекува оружје од појасот и се спрема за напад

2

борец на чело на композицијата

3

жена во одлучен став со пушка во раце

4

дете – борец

5

борец кој со едната рака придржува ранет другар

6

ранет борец на умирање

10

11

9

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top