Насловна / Вести / Соларни училишта и џамии: Јордан меѓу лидерите на Блискиот Исток за одржлив развој

Соларни училишта и џамии: Јордан меѓу лидерите на Блискиот Исток за одржлив развој

Јордан е земја речиси без природни ресури – најголемиот дел од земјиштето е потполно неплодно. Јорданската економија е оптеретена со недоволно снабдување со вода, нафта и други ресурси, а дури 96% од енергијата која с екористи потекнува од увоз.

Светските цени на нафтата продолжуваат драстично да растат и опаѓаат во текот на годината, па затоа Кралството Јордан објави дека наскоро сите свои џамии ќе ги реконструира з акорситење исклучиво на соларна енергија, со цел да заштедат средства и да го промовираат одржливиот развој. На врвот на џамиите на југот од земјата, десетици соларни панели и ЛЕД осветлувањето го покажуваат растечкиот тренд во сиромашното планинско кралство, во желба да се спротистави на зависноста од увоз на енергија. Соларните панели с едел од џамиите и многу други згради во Аман, со цел да се искористи соларното зрачење кое во Јордан го има во изобилство. Властите имаат амбициозна цел – Аман да стане јаглеродно неутрален град до 2050 година.

Училиштето Al-Hoffaz изградено во 2013 година во Аман, кое претставува меѓународна академија, добива 95% од потребната енергија од обновливи извори. Но, обновливите извори на енергија се далеку од нормите во повеќето земји. Владините претставници ветуваат дека тоа ќе се смени. Земјата сака да произведува 20% од потребната енергија преку обновливи извори до 2022 година. Претходно оваа година, компанијата  Abu Dhabi Future Energy (Masdar) инвестирала 188 милиони УСД за развој на најголемата јорданска соларна централа за државната електроенергетска компанија. Истовремено, с езабележува пораст на јавната свест за ризиците од климатските промени, особено меѓу младите Јорданци. Јордан исто така се обидува да ги намали емисииите на стакленички гасови во секторот туризам. Земјата се надева дека ќе биде барана дестинација за еко туристите, кои преферираат нулта јаглерод центри долж Мртвото Море.

sdjordan1

sdjordan2

sdjordan3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top