Насловна / Архитектура / Совршена мала куќа срасната со природата

Совршена мала куќа срасната со природата

Денес постојат, дефинитивно, архитектонски проекти кои можат повторно да фасцинираат и воодушевуваат, токму кога ќе помислиме дека се имаме видено. Овој е токму таков, и се работи за куќа чиј одличен проект го потпишува Studio Grand, а кој се наоѓа во Рејкјавик, Исланд.куќа во исланд_8

Овој проект прекрасно се вклопил со природата и со амбиентот во кој се наоѓа, а тоа е буквално „среде никаде“ и зафаќа површина од 68 квадратни метри. Во прашање е реинтерпретација, поточно модерна верзија на традиционална исландска куќа која во овој случај, заради својата конструкција и форма станала составен дел на природата, односно како отсекогаш да била дел од неа.куќа во исланд_5

Куќата е поставена така што два нејзини ѕида се во суштина потпрени на природни карпи, додека другите ѕидови се дефинирани и се направени од стакло, за да можат сопствениците максимално да го искористат контактот со прекрасната околина.куќа во исланд_4

Ентериерот е уреден многу базично и едноставно, а комбинацијата на материјали што преовладува се гранит и дрво, а целиот простор е поделен на мини-единици, за да сите потребни и основни зони бидат застапени. И покрај тоа што куќата има дефиниран дневен престој, факт е дека тој може многу лесно и во секое време да се прошири, бидејќи квадратурата тука, по правило, не е строго дефинирана, што е јасно само по себе.куќа во исланд_6 куќа во исланд_3 куќа во исланд_7 куќа во исланд_2 куќа во исланд_1

Испрати коментар

Scroll To Top