Насловна / Вести / Современи бањи со минималистички декорации

Современи бањи со минималистички декорации

Кога самостојно додаваме разновидни декорации во домот, не треба да заборавиме и на бањите како едни од есенцијалните простории во домот. Покрај нивните карактеристики како чисти и уредени бањи кои треба да бидат постојани, може да додадеме и голем број на други нешта со кои би го подобриле изгледот во помодерна варијанта.

Додадете зелено растение

Едно од наједноставните нешта што може да ги направите е да додадете некое зелено растение и да го сместите на правилно место, со што нема да се одземе голема површина од бањата.

бања-1 бања-2 бања-3

Додадете земјен акцент

За да го задржите минималистичкиот изглед на бањата може едноставно да додадете разновидни „текстурирани“ кутии за чување на козметика или шкафчиња кои ќе бидат во земјени тонови.

бања-4 бања-5 бања-6

Контраст на бои

Доколку вашата бања е целосно во една боја, тогаш додадете декорации во сосема различна боја како тапети, свеќи, пешкири, рамки за огледала и слично.

бања-7 бања-8 бања-9

Ароматични средства

За посовремен изглед може да додадете различни ароматични средства како што се свеќи или декорации од сушени растенија, што ќе придонесат и за поубава миризба истовремено.

бања-10 бања-11 бања-ffhd

Испрати коментар

Scroll To Top