Насловна / Арт и дизајн / Современа дестилерија во Шкотска која потсетува на објект од блиска иднина

Современа дестилерија во Шкотска која потсетува на објект од блиска иднина

Кога ќе помислите на дестилерија, очекувате нешто големо, колосално, можеби дури и темно. Но, најновата дестилерија Macallan во Шкотска ги надмина сите очекувања. Легендарната дестилерија за виски, која постои уште од 18 век, создаде здание која е целосно прилагодено на модерното искуство на потрошувачите. За почеток, објектот кој е во вредност од околу 140 милиони фунти изгледа како да е наменет за далечна иднина. Структурната визија дизајнирана од страна на меѓународно реномираните архитекти Rogers Stirk Harbour + Partners ќе ве натера на тоа да сакате да влезете во оваа градба и да ги откриете сите нејзини тајни. виски (6)

Дури и ако не сте љубител на виски, оваа дестилерија ќе ве заведе да влезете, бидејќи многу повеќе потсетува на музеј отколку на здание во кое се произведува многу омилениот алкохолен пијалок.виски (11)

Дестилерија се наоѓа на преубави шкотски ридови и го има еден од најсложените покриви во светот, кој е целосно покриен со трева и диви цвеќиња. виски (10) виски (9)

Покрај тоа, 95 отсто од дестилеријата енергијата ја црпи од обновливи извори. Внатрешноста е таму каде што посетителите очекуваат уникатно искуство. виски (8)

Беспрекорен дизајн надополнет со интерактивни структури како што е столб, кој ја раскажува приказната за успехот на Macallan вискито, а тука се и дигиталните фајлови кои се достапни преку екрани. Навистина е импресивен проект кој сигурно ќе послужи како инспирација за многу.виски (5) виски (4) виски (3) виски (2) виски (1)виски (7)

Испрати коментар

Scroll To Top