Насловна / Вести / „Сончев град“ во Штип – новата населба за млади брачни парови

„Сончев град“ во Штип – новата населба за млади брачни парови

Општина Штип реализира конкретни активности во поглед на реализација на Владиниот план за субвенционирање на изградба на куќи за млади брачни парови до 35 години.stip-pplacevi9stip-pplacevi2
Покрај стандардните локации за продажба на плацеви кои ги нуди општината за продажба со реализација на програмата за оттуѓување на градежно земјиште со лицитација, Секторот за урбанизам веќе изработи и проекти за урбанистички планови со кои ќе се изгради комплетно нова населба за млади брачни парови, според Владиниот проект за субвенционирање на проекти за куќи за парови и млади до 35 години.stip-pplacevi1
Локацијата на оваа мини-населба е до населбата Три Чешми, која се простира десно од патото за Штип, пред влезот во градот. Истата ќе биде изградена на потегот од Кампус 4 на штипскиот универзитет па до населбата Три Чешми. Предвидена е локација за 600 куќи со можност за проширување.stip-pplacevi3
Оваа локација е непосредно до автопатот, до самата Индустриска зона и претставува сегмент кој ќе ја спои приградската населба Три чешми со почетокот на градот.stip-pplacevi4
Општина Штип веќе изработи дизајн на населбата со типските куќи и истиот екскслузивно може да се види на porta3.com.mk
stip-pplacevi5 stip-pplacevi6 stip-pplacevi7 stip-pplacevi8 stip-pplacevi10

Испрати коментар

Scroll To Top