Насловна / Вести / Соларно ладење: Иднината на климатизацијата?

Соларно ладење: Иднината на климатизацијата?

Solarno ladenje

Соларните системи за ладење може да бидат иднината на климатизацијата во светски рамки, главно поради можноста за големи заштеди на енергија и намалувањето на емисиите на стакленички гасови. Технологијата може да ја претвори топлината од сонцето преку апсорпциона ладилна машина (користи топлина), која генерира ладна вода за ладење на климатизираниот воздух.

Австралискиот институт за ладење, климатизација и греење (AIRAH – Australian Institute of Refrigeration, Air Conditioning and Heating) неодамна формираше Специјална техничка група за соларно ладење (Solar Cooling Special Technical Group –  STG) со цел собирање на тим професионалци и стручњаци од оваа област.

AIRAH logo-poster solarno ladenje

Поголемиот дел од урбаните подрачја во Австралија се наоѓа во суптропски и умерени региони со топли лета и благи зими. Овие временски услови совршено одговараат за соларен систем за ладење и нудат голема можност за намалување на емисиите на стакленички гасови. Барањата за ладење на просторот се поклопуваат со максималното соларно зрачење, што значи тогаш кога е најпотребен ресурсот го има во изобилство.

Solarno ladenje sema

Технологијата се воведува во многу комерцијални објекти ширум светот, главно во Европа. Во моментот околу 10% од проектите ја користат оваа технологија во Австралија. На пример болницата Echuca во Викторија (на фотографијата) има систем за соларно ладење кој штеди 60.000 долари годишно во енергетски трошоци и ги намалува емисиите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина за 1.400 тони.

Меѓутоа, соларното ладење се уште е технологија во развој со многу варијанти, па затоа и AIRAH признава дека истражувачите им претстои доста работа до универзалниот пристап.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top