Насловна / Вести / Соларна револуција: До 2020-та, два евроценти по kWh

Соларна револуција: До 2020-та, два евроценти по kWh

Solarna revolucija

Соларната револуција се спроведува на дело. Веќе во 2020 година производството на електрична енергија од фотоволтаиците би можело да биде поевтино од производството од термоцентралите на јаглен или гас.

Цените на фотоволтаиците паднаа во последните десет години во просек за 7% годишно. Електричната енергија од соларните централи чини околу 10 cEUR/kWh, што е значително повеќе од 3,5 cEUR/kWh, колку што изнесува цената на електричната енергија на берза.
„2 cEUR/kWh за енергијата од соларните централи не е утопија“, вели Peter Birkner, директор на германската енергетска компанија Mainova AG,  со седиште во Франкфурт. Тоа е енергетска револуција за „емоционални само-тркачи“.  Можностите на соларната технологија сè уште не се исцрпени, додека кај конвенционалните централи не се можни сериозни подобрувања на ефикасноста.

Во Австрија, инсталираната моќност од фотоволтаични ќелии изнесува околу 766 MW, што е повеќе од централите на гас. Малите соларни панели на покривите (до 5 KW) се финансираат со 275 евра по kW.  Ако прогнозите на стручњаците се остварат, според Birkner, соларните субвенции ќе застарат за неколку години. За традиционалните добавувачи на енергија, ваквиот развој на настаните е огромен предизвик: „Мораме да ги поврземе малите приватни производители на енергија и да се обезбеди енергија и во случај на облачно време. Мора да бидеме многу пофлексибилни и да ги отфрлиме нашите застарени сфаќања“, потенцира Birkner, и подвлекува дека неговата компанија има сериозни планови во оваа насока.

 

Испрати коментар

Scroll To Top