Насловна / Вести / „Solarex Istanbul“ – изложба посветена на соларната енергија

„Solarex Istanbul“ – изложба посветена на соларната енергија

Solarex Istanbul

Од 9 до 11 април 2015 година во Светскиот трговски центар вo Истанбул ќе биде одржана осмата по ред интернационална изложба за соларна енергија и технологија „Solarex Istanbul“.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени фотоволтаични системи и придружна опрема, како и различни концепти на соларни термални системи. Исто така ќе стане збор и за истражувањата во оваа област, можностите за финансирање, институтите за развивање на нови технологии и сл. Се очекува присуство на претставници од бројни институции, производители на соларни компоненти, дистрибутери и креатори на политики во оваа област.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top