Насловна / Вести / Со промоција на фондацијата „Проф. д-р. Ванчо Чифлиганец“ одбележана 12 годишнината на „Адора инженеринг“

Со промоција на фондацијата „Проф. д-р. Ванчо Чифлиганец“ одбележана 12 годишнината на „Адора инженеринг“

Foto 14

Во 2014 година „Адора инженеринг“ оствари рекордна продажба на 302 станови, што е за 11 % повеќе од 2013 година, беше соопштено на корпоративната прослава на 12 годишнината на компанијата во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Пред претставниците на „МПЦ“, државните и локалните власти, деловните партнери, купувачи и пријатели на „Адора инженеринг“, беа промовирани книгата „Можеш и ти“ од авторот проф. д-р Венко Андоновски и фондацијата „Проф. д-р. Ванчо Чифлиганец“.
Сопственикот и ген. дир. на „Адора инженеринг“ проф. д-р Ванчо Чифлиганец порача дека се што замислил и остварил во животот, издигнувајќи ја „Адора инженеринг“ последните пет години меѓу 25 најуспешни компании во Македонија и градежен лидер, феномен во Европа и светот. „Почнав со само еден, стигнав до 300 вработени, почнав со 1.000 м³ бетон, завршив со 120.000 м³ бетон, почнав со 2.000 тони, завршив со 100-тина илјади тони железо, почнав со 40 станбени единици, завршив со 1.600 изградени станови“, истакна д-р Чифлиганец, кој порача дека за успешен бизнис треба да се визија и целосна посветеност на работата, врз што влијае и поволната бизнис клима во државата.

Foto 3
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан порача дека по изградбата на многу објекти во Македонија и православниот храм Свети Јован Крстител во Скопје, со формирањето на фондацијата „Проф. д-р. Ванчо Чифлиганец“, основачот вложува во македонскит таленти, во образованието, во оние на кои им е потребна помош и подадена рака.

Foto 1-1
Академик д-р Владо Камбовски, претседател на МАНУ и главен рецензент на книгата „Можеш и ти“, истакна дека таа е романизирана биографија на животниот пат и дело на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, неуморен неимар кој смислата и целта на сиот свој живот ги сосредочил во една централна точка-создавање, потврдено со многу признанија како најдобар студент, најмлад доктор по геолошки науки, универзитетски професор и најуспешен стопанственик со највисоки европски признанија.

Foto 1Авторот на „Можеш и ти“ проф. д-р Венко Андоновски, порача дека овој животопис е посветен на човекот со големо „Ч“, кој не се предава никогаш и е еден од најзаслужните луѓе за државотворноста, за бизнисот, за спортот и за општата еманципација на Република Македонија во светот.
Сите приходи од продажбата на книгата „Можеш и ти“ одат за хуманитарни цели во фондацијата „Проф. д-р. Ванчо Чифлиганец“.Foto 16

Испрати коментар

Scroll To Top