Насловна / Вести / Со поддршка на Градот, озеленување на зградите во Виена

Со поддршка на Градот, озеленување на зградите во Виена

Со цел озеленување на зградите, во Виена е развиен модуларен систем  BeRTА кој во борбата со летните горештини делува како природен клима уред. Притоа, во издржливи корита на зградите се садат билки ползавци, кои се прилагодуваат на обликот на зградите. Со таквото озеленување во зградарството, во градот се враќа природата, а воедно со тоа се разладуваат улиците. Најновиот проект во склоп на системот BeRTA веќе е применет на десет различни места. Првиот чекор кон ова озеленување на зградите е советувањето со виенскиот центар за озеленување на згради GrünStattGrau кој го спроведува проектот. Износот на субвенциите за кофинансирање на трошоците е 6880 евра по зграда. По советувањето, следните чекори се планирање, предавање и одобрување на барање за озеленување, како и поставување на две корита со супстрат и растение. Имено, спроведените пилот проекти за озеленување во изминатите години покажале дека трошоците не се единствен проблем, туку дека проблем се и сложените административни процедури (одобренија, дозволи, согласности и сл.)

berta1

berta2

Во секој случај, со озленувањето се придонесува за почист воздух и попријатна микроклима. Температурите на овие озеленети подрачја можат да бидат и до 13°C пониски, а истовремено се намалуваат и емисиите на јаглерод диоксид. Исто така, озеленетите површини ги штитат зградите од временските влијанија и помагаат во намалување на трошоците за одржување. Конечно, ваквите интервенции ја зголемуваат и вредноста на недвижностите и придонесуваат за квалитетот на живот на станарите.

berta3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top