Насловна / Вести / Со Google дознајте дали соларниот покрив за вашиот дом е исплатлива инвестиција

Со Google дознајте дали соларниот покрив за вашиот дом е исплатлива инвестиција

aplikacija solaren pokriv1

Компанијата Google учествува во проект вреден над две милијарди долари од областа на обновливите извори на енергија. Овој пребарувач одлучил да ја мапира количината на сончева светлина која паѓа на секој покрив, и така да им помогне на луѓето во пресметките за исплатливоста на вложувањето во соларен покрив.  Проектот “Соларни покриви“ неодамна објави online алатка која ви овозможува да ја внесете својата адреса и да дознаете колку простор за соларни панели имате на својот покрив.

project-sunroof-2

Исто така, ќе дознаете и колку часови во текот на годината сончевата светлина паѓа на покривот, односно колку би заштедиле со користењето на сончевата енергија. Овој проект дури може и да препорача димензии на соларни панели кои треба да се вградат.

aplikacija solaren pokriv

Google планира да им наплатува услуга за посредување на сите големи компании кои продаваат соларни панели. Во моментот оваа апликација е достапна само во САД, но нејзино надградување со можност да се користи низ целиот свет с еочекува наскоро.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top