Насловна / Вести / Словенија трета во Европа по рециклирање на отпад

Словенија трета во Европа по рециклирање на отпад

Slovenija recikliranje

Според податоците од Eurostat, Германија е најефикасна во Европа во рециклирањето на отпадот со 66,1%, следува Австрија со 56%, а Словенија е на третото место со 54,1%. Овој тренд секако е вообичаен за Германија и Австрија, со оглед на нивната подолга традиција во областа на рециклирањето, но претставува изненадување за Словенија како една од поновите земји членки на Унијата.

Slovenija recikliranje1

Но, зад овој успех секако стои добра стратегија и организација во областа на управувањето со отпадот. Во 2010 година Словенија рециклирала 22% од својот отпад, а две години подоцна тој процент се искачува на 42%.

 

 

(Извор: STA)

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top