Насловна / Арт и дизајн / Слепите луѓе можат да ги „видат“ ремек-делата во музејот „Прадо“

Слепите луѓе можат да ги „видат“ ремек-делата во музејот „Прадо“

muzej prado (3)

Најновата изложба поставена во музејот „Прадо“ во Мадрид, им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да уживаат во уметничките дела преку поставката на нивните реплики во 3Д, коишто може да се допираат.

muzej prado (2)

Тие, меѓу другото, можат да го „почувствуваат“ и уметничкото дело на Леонардо да Винчи.

Овие 3Д копии на уметничките дела беа креирани со помош на експерти и специјални техники кои им овозможија на слепите лица и лицата со оштетен вид со допир да реализираат врска со визуелната уметност.

muzej prado (4)

Покрај сликите се наоѓа и текст во Брајово писмо, како и затемнети очила за оние луѓе кои гледаат, но сакаат на автентичен начин да ги доживеат овие уметнички дела.

Изложбата ќе биде отворена до 28 јуни оваа година.

muzej prado

Испрати коментар

Scroll To Top