Насловна / Вести / Следниот месец целосно ќе се урива зградата на Генералштабот во Белград

Следниот месец целосно ќе се урива зградата на Генералштабот во Белград

generalstab belgrad zgrada

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ денеска изјави дека следниот месец ќе започне уривањето на полуразурнатата зграда на Генералштабот, која беше бомбардирана од НАТО во 1999 година.

Тој потврди дека оваа недела ќе заврши реконструирањето на зелените површини околу зградата, кое се извршува по иницијатива на премиерот Александар Вучиќ, а во септември ќе започне поетапно уривање на воениот објект.

Властите сепак одлучиле да остават дел од урнатините, кои ќе сведочат за настаните од 1999 година.

Испрати коментар

Scroll To Top