Насловна / Вести / Славното порше на Џенис Џоплин продадено за речиси 1,8 милиони долари

Славното порше на Џенис Џоплин продадено за речиси 1,8 милиони долари

Славното порше кабриолет на легендарната пејачка Џенис Џоплин е продадено во Њујорк за речиси 1,8 милиони долари, што е рекорд во продажбата на таков модел на возило, објави аукциската куќа „Сотебис“.порше џоплин

Цената на автомобилот пораснала во последните пет минути и поршето е продадено за 1,76 милиони долари. Станува збор за модел од 1964 година, а автомобилот е препознатлив по шарените психоделични шари. Почетната цена била 300 илјади долари.

Моделот 356Ц 1600 кабриолет е насликан со пеперутки и медузи и претставува еден вид споменик на поп-културата од шеесетитте години на минатиот век.порше џоплин

Џенис Џоплин го паркирала овој автомобил пред хотелот во Холивуд каде и подоцна е најдена мртва од предозирање со хероин во 1970 година.

Иако Џенис многу го сакала своето порше, сепак една од нејзините најпознати песни е посветена на мерцедес.

Испрати коментар

Scroll To Top