Насловна / Архитектура / Sky Park во Братислава – проект на Zaha Hadid Architects

Sky Park во Братислава – проект на Zaha Hadid Architects

DCIM100MEDIADJI_0017.JPG

Овој проект на компанијата Zaha Hadid Architects претставува критичен дел од реконструкцијата на југоисточна Братислава. Со свечено полагање на камен-темелник за Sky Park, означен е почетокот на неговата изградба. Завршувањето на целиот проект е планирано за 2019 година. Се наоѓа југоисточно од центарот на Братислава и е составен дел на проектот за повторно ревитализирање на оваа запуштена индустриска зона. Со проектот, напуштената локација ќе се претвори во нов јавен парк од 20.000 метри квадратни и заедница за над 700 станови со 55.000 метри квадратни деловен и комерцијален простор. Ќе биде добро поврзан преку јавниот превоз до другите делови на градот.

BA: Súaž na lokalitu Èulenova vyhrali Briti

Во средиштето на паркот е напуштената топлана проектирана од архитектот Душан Јуркович. Зградата на оваа топлана датира од 1941 година и е еден од подоцнежните проекти на овој словачки архитект. Поради дотраеноста зградата беше во опасност самата да се сруши, но денес топланата е на листата на национални споменици на културата. Конструкцијата на објектот ќе биде зајакната, а фасадата ревитализирана во рамките на проектот „Sky Park“.

13_Exterior_©Penta_Investments

Многу згради во градот се изградени во типичен социјалистички дух во повоениот период кога имало сериозен недостаток од станови. Затоа не е чудно што сите згради се речиси идентични како што е тоа типично за источноевропските земји во тој период. Но, со „Sky Park“ се нуди една поинаква архитектура и нов животен простор.

01_sport_facilities_penta_investme

Проектот е избран од страна на жирито во 2010 година. „Sky Park е важна врска помеѓу современата култура на Братислава, природниот развој и историјата“, истакнува Patrik Schumacher, директор на компанијата Zaha Hadid.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top