Насловна / Арт и дизајн / Скулпторски дела на Пикасо во њујоршка МоМА

Скулпторски дела на Пикасо во њујоршка МоМА

pikaso vo moma

Пред неколку дена, во Музеј на модерна уметност во Њујорк отворена е изложба Picasso Sculpture посветена на скулпторски дела на еден од најголемите сликари во историјата на уметноста Пабло Пикасо. На тој начин, МоМАпосвети цел кат на скулптурите на Пабло Пикасо, што е прва голема американска изложба од неговата тридимензионална уметност во последниве 50 години.

Од најраните дела – мала фигура на жена што седи, изработена во теракота во 1902 година, па сѐ до главите на жени од 1964 година, изложбата со наслов „Скулптурите на Пикасо“ опфаќа над 140 дела позајмени од приватни и јавни колекции, кои ги покажуваат неговиот талент, опсег и разноликост. Од изложените фигури се и „Кожа“ од 1950 година и „Гитара“ од метал и жици од 1914 година, кои се дел од колекцијата на „МоМА“.

pikaso vo moma (9)

Музејот на модерната уметност во Њујорк ќе биде единственото место во САД каде што ќе бидат изложени Пикасовите скулптури од 14 септември до 7 февруари следната година.pikaso vo moma (8)

Пикасо, кој почина во 1973 година, на скулптурите гледал како на свои пријатели и во текот на животот ги чувал кај себе. Тоа објаснува зошто неговите тридимензионални дела се помалку познати од сликите.pikaso vo moma (7)

Пикасо е автор на околу 700 скулптури и 4.300 слики. Со вајарството се занимавал во неколку фази, понекогаш со паузи и од неколку години. Секогаш кога ќе ѝ се врател на овој вид уметност, тоа било со потполно нови материјали и техники.pikaso vo moma (6)

Меѓутоа, Пикасо набрзо се запознал со африканската уметност и уметноста на Океанија и почнал да работи со дрво. Во текот на кубистичката фаза правел скулптури од дрво, картон, лимени конзерви и други материјали.pikaso vo moma (5)

По речиси една деценија пауза, Пикасо влегол во надреалистичката фаза, која резултирала со нови форми, облици и материјали. Тоа, според Темкин, било нов пристап кога станува збор за заварување. Се занимавал и со амбалажи, користејќи предмети што самиот ги наоѓал.pikaso vo moma (4)

Неговите скулптури првпат биле изложени во Париз во 1966 година. Тоа било првпат кога Пикасо дозволил фигурите масовно да го напуштат неговото студио. Наредната година истите дела биле изложени во МоМА.pikaso vo moma (3) pikaso vo moma (2)

Новата изложба е резултат на соработката на МоМА со Музејот на Пикасо од Париз, кој позајми 40 дела за оваа њујоршка поставка.

Испрати коментар

Scroll To Top