Насловна / Арт и дизајн / Скопје има „Аудиокултура“, простор кој нуди можност за совршено аудио доживување

Скопје има „Аудиокултура“, простор кој нуди можност за совршено аудио доживување

Отворен е нов локал во населба Аеродром, нов дом на тимот кој посветил повеќе од две децени на учење, истражување и слушање звук, за денес да успее да создаде врвен производ. Во нивните звучници и засилувачи се отелотворени науката и уметноста, а нивната уникатност ја надополнува рачната изработка и препознатливиот дизајн.

1_resize_resize

Македонски производ со премиум перформанси кој успешно чекори во High End аудио светот и за кој можеме да очекуваме дека сериозно ќе им се спротистави на реномираните светски брендови.

8_resize_resize

На самиот почеток на 2020 година, „Теохаров аудио“ ни овозможува одблиску да се запознаеме со нивните производи, но и со светските конкуренти, создаде дом за личната пасија во кој секој има можност да ужива во квалитетен звук.

11_resize_resize

„Аудиокултура“ е  урбан простор кој ги исполнува највисоките стандарди за естетика и квалитет. На површина од 150 квадратни метри поставени се повисоки стандарди во светот на музиката и бескомпромисно претендира да инспирира промени на подолг рок. Концепт чија цел е да внесе што поголем број на луѓе во светот на квалитетниот звук. Брендовите како Teoharov, Focal, Rega, Scanspeak, Naim и Nomon, гарантираат максимално аудио, но и визуелно уживање.

19_resize_resize

„Аудиокултура“ е „линкот” кој му недостигаше на Скопје. Неколкуте суптилно распоредени места за седење, како и барот во склоп на просторот даваат уште поголема можност за непосредно негово доживување. Скопје конечно има простор во кој музиката соединува и простор кој нуди можност за совршено аудио доживување, едукација или пак едноставно за уживање.

22_resize_resize

23_resize_resize

30_resize_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top