Насловна / Вести / ИЗИИС слави 50 години постоење

ИЗИИС слави 50 години постоење

D4B56A7F8782F24FB7E9F1475BB70EC3_resize

По скопскиот земјотрес од 1963 година, граѓаните на Скопје и Македонија изградија култура на сеизмичка градба, истакна денеска на прес-конференција директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски, по повод 50 години од основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Според него, речиси сите нови објекти по 1965 година, кога се воведени стандардите за градба до сега, се сеизмички изградени. Најнеповолни објекти, нагласи, се објектите кои се надградуваат, а посебно оние кои се изградени пред земјотресот во Скопје.

И покрај тоа што Гаревски тврди дека сите постари градби, но и оние новоизградени се стабилни, сепак не ја исклучува можноста да има проблем со објектите што се надградуваат, особено оние згради што се изградени пред земјотресот, кои се сеизмички непроектирани, а сега добиваат неколку катови плус.

Гаревски се осврна и на она што ги има донесено до овој јубилеј, а тоа е нивната работа, контролата на градбите и проектирањето на неколку објекти. Што се однесува до новите градби, но и оние што се постари, Гаревски тврди дека ги задоволуваат сеизмолошките стандарди. gareski pres iziis_2

„Се што е изградено во Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година тврдам дека е квалитетно затоа што од тогаш па наваму поинаку се размислува на оваа тема и секој се труди да го направи својот објект стабилен. Се гради многу сигурно и на скала од еден до пет ќе ја дадам највисоката оценка. Со новиот Закон за градежништво сигурноста на објектите е подигната на највисоко ниво, а исто така и не се издава градежна дозвола доколку професорите од ИЗИИС не сметаат дека објектот е стабилен“, вели Гаревски. Тој објаснува дека во ИЗИИС секој објект два пати подлежи на контрола и тоа прво се мери стабилноста и издржливоста на објектот на 50 отсто од градењето, а потоа и кога тој ќе биде завршен. Доколку ги задоволи пропишаните стандарди дури тогаш се дава технички прием, додава Гаревски.

Во однос на историјата на Институтот, Гаревски потсети дека тој е формиран во 1965 година и дека е еден од најстарите институти кој се занимава со науката за земјотресно инженерство и сеизмологијата.

– По скопскиот земјотрес формиран е еден консултативен комитет од врвни светски експерти од ОН, поточно формиран е од одделот на ОН за домување. Неговата задача била да даде основни инструкции за изградбата на Скопје и да ги постави урбанистичките правила. Комитетот препорачал до тогашната Влада на Македонија дека е потребно да се формира научен институт кој ќе се занимава со земјотресно инженерство и сеизмологија. На тој предлог Владата во 1965 година го оформирала Институтот, рече Гаровски.

По основањето на Институтот се отвориле првите магистерски студии во областа на земјотресното инженерство а воедно биле и први студии во Македонија и први магистерски студии во Европа од областа на земјотресното инженерство.gareski pres iziis_7

Институтот, информира Гаровски, организирал и специјални курсеви за инженери и специјалисти од областа на земјотресното инженерство и инеженерската сеизмологија од Македонија и од земјите во развој.

– Во период од 26 континуирани години, со финасиска помош од Кралството Холандија и Република Македонија и со максимален број од 18 учесници на секој курс, обучивме околу  520 студенти од целиот свет, истакна Гаревски.

Гаревски исто така го кажа своето мислење и по однос на градењето на Водно. „Од аспект на урбанизам и јас не го поддржувам градењето на Водно, но од сеизмички аспект можам да кажам дека опстанувањето на градбите зависи од фундирањето на објектот. Ако се фундира на лапор на Водно може да се каже дека овие објекти ќе се однесуваат поповолно“, вели Гаревски.

По повод јубилејот од основањето на ИЗИИС, на 24 август ќе се одржи и свечена академија во МАНУ, каде ќе бидат доделени и златни плакети за фирми и институции со кои соработувал Институтот.

Испрати коментар

Scroll To Top