Во скопска Александрија ќе се гради првата зграда со атриум
Насловна / Вести / Во скопска Александрија ќе се гради првата зграда со атриум

Во скопска Александрија ќе се гради првата зграда со атриум

Во новата населба во Скопје, Александрија, почна изградбата на резиденцијална зграда со атриум.

Станбената зграда „Атриа“ ќе понуди нов, уште повисок стандард на домување.

Атриа_resize

„Сите еколошки, економски и социјални предности кои што ги носи атриумот совршено се совпаѓаат со концептот на Александрија, па оттаму дојде и идејата за „Атриа“ како петта зграда во составот на населбата. Максимално сме посветени на квалитетот на животот на идните станари и сакаме да им овозможиме едно поинакво доживување на животот во Скопје“, велат од Фабриката „Карпош“.

„Атриа“ ќе биде објект во кој ќе биде внесен микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор.

Во „Атриа“ како дел од Александрија, ќе има 70 одделни единици од кои дел од приземјето ќе бидат наменети за деловен простор, а остатокот за приватни станови, распределени на приземје, шест ката и поткровје. Изградбата на „Атриа“се очекува да биде готова кон крајот на 2019 година. Заедно со новата зграда почнато е со изградба и на пристапните улици, како и партерното и хортикултурно уредување на првите четири згради, а предвидено е да се заврши до крајот на летото.

Новата зграда „Атриа“ е петта во населбата Александрија, а се наоѓа на 150 метри од кружниот тек кај Порта Влае и на само пет километри од центарот на градот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top