Насловна / Вести / Сите сакаат енергетска унија, само различно ја замислуваат

Сите сакаат енергетска унија, само различно ја замислуваат

Towards an Energy Union

Ако се анализираат деталите од спогодбата за формирање на енергетската унија која би ги обединила пазарите на енергенти низ ЕУ, тогаш европскиот повереник Марош Шефчович има право кога тврди дека тоа е „најамбициозниот енергетски проект уште од Европската заедница за јаглен и челик во педесеттите години од минатиот век“.

Уште во 2009 година, кога ескалираше судирот во врска со испораката на гас на Украина, Русија и покажа на Европа колку Стариот континент е зависен од рускиот гас. Некои земји како Бугарија или Словачка, практично исклучиво користат руски гас, а на ниво на ЕУ тоа се 39% гас, односно 37% нафта. Затоа не е спорна желбата Европа да се обедини во свој енергетски пазар, но некои тоа поинаку го интерпретираат.

Така на пример, Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет истакнува дека заеднички, на европско ниво би се договарала и набавката на енергенти, што ќе претпостави и услови за подобра цена. Но, веќе по ова прашање се појавија проблемите: германскиот државен секретар во министерството за надворешни работи Michael Roth, кој ги водеше последните преговори за енергетската унија, подготвено тврди дека тој воопшто нема критики кон ова поврзување на пазарите и дека тоа е една од најважните задачи на Европската Унија. Но, истовремено во Берлин имаат големо разбирање за аргументите на домашните енергетски концерни кои досега секогаш сами преговарале за испораките и воопшто не се воодушевени од идејата сега тоа да го прави некакво наднационално, европско тело.

Исто така, се чини дека владее конфузија и меѓу европските партнери околу тоа што значи декларираната цел за „наоѓање други енергетски извори“. За многумина тоа значи отворање кон други пазари – од повторно стартување на проектот Nabucco, па до изградба на мрежа од терминали за течен нафтен гас, кои ќе се обезбедуваат од други наоѓалишта.

 

Испрати коментар

Scroll To Top