Насловна / Арт и дизајн / „Сите Рембранти“ (видео)

„Сите Рембранти“ (видео)

Во Rijksmuseum во Амстердам на 15. февруари се отвори голема изложба под наслов „Сите Рембранти“. Со оваа изложба која ќе трае до 10. јуни 2019 година, музејот ја одбележува и 350. годишнината од смртта на големиот сликар Рембрант ван Рајн(1606-1669).

1
Од Rijksmuseum објавија:„Ова е единствена перспектива на Рембрант како уметник, човек, раскажувач, иноватор“ и додаваат дека е ова изложба која се гледа само еднаш во животот.
„Прв пат во историјата во Кралскиот музеј ги изложуваме сите Рембранти кои ги поседуваме – 22 слики, 60 цртежи и 300 нацрти“, наведува директорот на музејот Тако Дибитс.

2
Историската изложба сака да прикаже како небројните портрети на мајсторот на златниот период на холандското сликарство и неговите претстави на светот околу нас подготвиле терен за денешното општество.
„Рембрант е првиот уметник во историјата, можеме дури да кажеме и првиот „instagramer“, кој го сликал сопствениот живот. Ниеден уметник не направил толку автопортрети како Рембрант. Тој ја сликал својата фамилија, ги цртал своите пријатели, излегувал на улица, одел во село, дури не пуштал и во сопствената спална соба, каде лежела неговата болна жена“, вели Тако Дибитс.

4
Некои од делата ретко излегуваат на видело. „Цртежите на светло бледнеат, поради тоа скоро никогаш не ги изложуваме. Ваква изложба нема да се повтори за животот на оваа генерација“, вели директорот на музејот.
На ѕидовите на бројните изложбени сали поставени се голем број автопортрети, на кои сликарот е прикажан од деновите на младоста, па се до староста, кога лицето му е мрачно и измачено од недостаток на пари.

5
Изложбата би можела посетителите да ги наведе и на размислување во време на сеприсутни социјални мрежи.
„Ако користиме зборови како „selfi“ и „Instagram“, тоа бидејќи Рембрант го обликувал нашиот поглед на светот и начинот на кој фотографираме. Да не бил Рембрант, сеуште би претставувале или се обидувале да претставиме слики на богови и божици и приказни од антиката. Рембрант сите необични обични приказни и обични работи, нашиот секојдневен живот, ги прави неверојатни“, вели Дибитс.

6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top