Насловна / Вести / Шведска прогласена за најеколошка земја во светот

Шведска прогласена за најеколошка земја во светот

Најновите истражувања на компанијата Robeco SAM во чијшто истражувачки процес биле вклучени вкупно 60 земји од целиот свет, покажале дека Шведска го зазема првото место за земја со најголем број самоодржливи аспекти. Веднаш по неа на второто место се наоѓа Норвешка. Инвестирањето на Шведска низ годините со цел подобрување на еколошките карактеристики и подигнувањето на свеста на граѓаните, дефинитивно дадоа позитивни резултати.

На третото место на оваа листа се наоѓа Швајцарија, а останатите земји кои се во топ 10 се Велика Британија, Нов Зеланд, Ирска, Германија, Данска, Австралија и Австрија.

слика-1 слика-2 слика-3

Испрати коментар

Scroll To Top