Насловна / Вести / Шумска куќа во облик на елка

Шумска куќа во облик на елка

Sumska kukja elka

Еколошката куќа Primeval Symbiosis (промотивна симбиоза) на четири ката, со својот облик потсетува на елка и е наменета за љубителите на природата кои сакаат да живеат далеку од градот во „шумските предградија“. Архитект на овој амбициозен проект, кој има за цел повторно поврзување на човекот со природата, е данскиот студент Konrad Wojcik.

Sumska kukja elka2
„Човекот успеал за одвај 200.000 години присутсвo на Земјата да го уништи тоа што природата го создавала стотици милијарди години“, напишал авторот на оваа еколошка куќа на својот сајт.

Sumska kukja Elka 3
Во куќата можат да живеат две до четири лица. Ѕидовите се потполно прекриени со фотоволтаици, а самата конструкција на куќата е целосно изведена од дрво и опремена со природен систем за ладење како и биоразградувач, што овозможува снабдување со биогас. Замислата на архитектот е нула емисија на јаглерод диоксид. Ваквиот еколошки механизам е направен според принципот на самите дрвја: се хранат од својата околина, а за возврат не ја загадуваат. Куќата е со површина од 61 квадратен метар и може потполно да биде рециклирана кога ќе ѝ истече рокот на траење, пренесува весникот Figaro. Цената на една ваква куќа сè уште не се соопштува.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top