Насловна / Вести / Што значи Brexit за Британија во енергетска смисла

Што значи Brexit за Британија во енергетска смисла

Минатиот четврток Британците изгласаа напуштање на членството во Европската Унија. Таа одлука, секако, ќе има свои импликации и на енергетскиот сектор, а одредени експерти велат дека негативно ќе влијае и врз европската идеја за создавање енергетска унија. Струката се согласува дека енергетскиот систем на земјата во иднина ќе биде помалку „зелен“, но и помалку сигурен. britanija energetika_1

„Кога станува збор за енергетската сигурност, развојот на обновливите извори, климатските промени и одржливоста, како и квалитетот на воздухот, се очекуваат значајни негативни ефекти. Единствен исклучок се нафтата и гасот каде позитивните и негативните влијанија се изедначуваат“, изјавил претседателот на Energy Institute, Jim Skea во извештајот што му претходеше на референдумот.

Но, веројатно најголем проблем за Британците во наредниот неколкугодишен период (колку што се проценува дека би траело раздружувањето со ЕУ), ќе претставува токму недостатокот на доверба која е клучна за стабилна инвестициска клима.

Синдикатите веќе побараа од францускиот енергетски гигант EdF, да ја одложи изградбата на нуклеарната централа во Британија, Hinkley point C, вредна 18 милијарди фунти. Самата компанија и досега беше поделена околу таа инвестиција, а Brexit  придонесува за нови сериозни елементи на ризик по инвестицијата. britanija energetika_2

Brexit, секако ќе има негативно влијание и врз алокацијата на 1,87 милијарди евра кои Европската инвестициска банка ги вложи во енергетиката во земјата. Во моментот не е јасно како Brexit ќе влијае на проектите што веќе добиле средства или пак се очекува да добијат средства или гаранции од ЕУ институциите, но речиси е извесно дека Британија во добар дел ќе мора да обезбеди нивно финансирање од други извори.

Како и да е, постои ризик за Британија без оглед на сценариото за излез од Унијата и од единствениот енергетски пазар. Адвокатската компанија Herbert Smith Freehils, неодамна коментираше за Euractiv дека одлуката „веднаш ќе влијае на интерконекциите, постоечки и планирани, бидејќи Британија веќе нема да биде дел од европската регулаторна рамка за поврзување на пазарот (market coupling).  Британија ќе мора да преговара со цел да остане и натаму членка на ENTSO-E. Норвешка, која не е членка на ЕУ, сепак наоѓа начини да остане активна на единствениот енергетски пазар, а сега и Британија ќе мора да тргне во истиот правец.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top