Насловна / Архитектура / Идната совршена културна знаменитост на Хамбург

Идната совршена културна знаменитост на Хамбург

Проектирана од страна на швајцарската архитектонска фирма Herzog & de Meuron, објектот „Elbphilharmonie“ во Хамбург, ќе ги отвори своите врати на 11 јануари 2017 година. Воедно, тоа ќе биде највисоката населена зграда во Хамбург со височина од 110 метри. Сместена на брегот на реката Елба, на околу 1.700 армирано бетонски столбови, зградат ќе има три концертни сали, хотел, 45 приватни станови и јавно достапен простор „Plaza“ со 360° панорамски поглед на градот.hamburg filharmonija_4

Централниот дел на „Elbphilharmonie“  воедно е еден од највозбудливите конструкторски предизвици во Европа во овој момент: Концертната сала e од светска класа, лоцирана на височина од 50 метри со капацитет од 2.100 седишта, и одвоена е од остатокот на зградата заради изолацијата од бучава.hamburg filharmonija_6

„Elbphilharmonie“  е совршена симбиоза на архитектурата и музиката на единствена локација во средиштето на историската градска четврт. Интеракцијата помеѓу архаичниот изглед на некогашното складиште познато како „Kaispeicher A“ и одважните криви на блескавото стакло на „корпусот“ е оригинална архитектонска покана за „Elbphilharmonie“.hamburg filharmonija_5

Од надворешната страна се наоѓа патека која се протега околу целиот објект. Во внатрешноста преку фоајеата се стигнува до Големата сала и Салата за настапи, кафуле и предворјето на хотелот. Од друга страна пак, „Plaza“ ќе биде достапна за за сите посетители, со или без влезница за концерт. „Kaispeicher A“ ќе се користи како паркинг кој ќе биде на повеќе ката со капацитет од 500 места.hamburg filharmonija_3

Таму, исто така, ќе се наоѓа и спа центарот и конференциските сали на хотелот, простории за едукација во областа на музиката, неколку бекстејџ простории и уште една сала со капацитет од 170 места. Сето ова се наоѓа во една грандиозна зграда чиј влез има импресивни подвижни скали долги 82 метри. Рефлектирачката фасада дава посебен шарм на објектот, а покривот се состои од осум сферни, конкавно свиткани секции кои формираат единствена елегантна силуета.hamburg filharmonija_2

По едносгласно добиената согласност од градските власти, изведбените работи започнале на 2 април 2007 година. „Kaispeicher A“ прво е во потполност разрушена, а потоа подигнати се уште 650 столбови во Елба покрај постоечките, на длабочина од 15 метри во речното дно, така што конструкцијата може да носи 200.000 тони.  Иако отворањето е закажано за јануари 2017, јавниот простор „Plaza“ ќе биде отворен за посетители неколку месеци порано, односно веќе во текот на оваа година.hamburg filharmonija_7 hamburg filharmonija_1

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top