Насловна / Вести / Што им е поважно на купувачите – пластичната амбалажа или заштитата на животната средина?

Што им е поважно на купувачите – пластичната амбалажа или заштитата на животната средина?

По одржувањето на Светскиот економски форум во Давос, управничката за еколошка одржливост во компанијата „Кока Кола“ рекла дека компанијата нема да се откаже од пластичните шишиња, бидејќи тоа би ги разочарало нивните купувачи. Таа истакнала дека мора да бидат земени во предвид некои желби на потрожувачите, но дека секако не треба да се занемарат влијанијата врз животната средина. Според проценките, „Кока Кола“ произведува дури 3 милиони тони пластична амбалажа на годишно ниво, односно 200.000 шишиња во минута. Токму поради тоа, спаѓа меѓу најголемите производители на пластичен отпад на светско ниво. Компанијата се обврзала до 2030 година да го собере и рециклира целокупниот свој пластичен отпад. Во моментот рециклира само 7%. Но, пластичната амбалажа не е единствениот пробле. За производството на овој популарен газиран пијалок се трошат огромни количини вода, односно над 300 милијарди литри дневно на глобално ниво.

cocacola1

cocacola2

cocacola3

Испрати коментар

Scroll To Top