Насловна / Архитектура / Шкотска – надалеку препознатлив архитектонски идентитет

Шкотска – надалеку препознатлив архитектонски идентитет

04 edimburski zamak (2)

Шкотска е земја со богата историја. Во неа се пронајдени траги на градби од добата на неолитот, најстарите остатоци на куќи се стари преку девет илјади години, додека остатоците од цели населби имаат преку шест илјади години. Сепак, карактерот на она што го нарекуваме шкотски архитектонски историски идентитет го дава големиот број тврдини, замоци и цркви кои главно потекнуваат од средниот век. Архитектурата на најголемиот број објекти од тој период, како куќите и останатите „обични“ објекти, се карактеризира со употреба на локални материјали. Ѕидовите на куќите се граделе со систем на сува градба, редење на камен, додека дупките најчесто се пополнувале со трева, која не била долготраен материјал и често морала да се менува, некогаш и на секои две или три години. Кровот се правел од дрвена конструкција, која често била сокриена со материјал како што е сламата, трската или тревата. Она што ја одликува архитектурата на обичните градби е присутноста на основните принципи на одржливост во архитектурата. Обложувањето со трева и трска имало задача да ги подобри термичките карактеристики на објектот.09 katedrala u glazgovu02 umetnicka skola u glazgovu

Една од најзначајните градби од периодот на средниот век е катедралата во Глазгов, чиј почеток на градба датира од 1136 година. Објектот претставува совршен пример на шкотската готика. Дел од идентитетот на народот што живеел на британскиот остров го чинат и замоците и тврдините. Еден од најпознатите замоци во Шкотска е замокот Керлаверок. Изграден во 13 век, со својата триаголна основа опкружен со вода, претставува еден од најинтересните примери на фортификациската архитектура на средниот век. Изѕидан заради контрола на трговијата во тој период, од 17 век бил напуштен. Денес, претставува еден од најзначајните шкотски споменици.08 Kerlaverok zamak (1)04 edimburski zamak (3)

Најпосетениот замок е Единбуршкиот, после лондонската кула тој е најпосетениот споменик во Велика Британија. Се наоѓа на височинка над Единбург и со својот изглед претставува симбол на главниот град на Шкотска. Како и секој замок, имал одбранбена улога и бил вклучен во голем број битки за шкотската независност од XIV век сè до 1745 година.

10 carls reni mekintos

Идентитетот на шкотската архитектура се поврзува за едно име – Чарлс Рени Мекинтош. Роден е во Глазгов во 1868 година, и тој е најзначајниот претставник на уметничкиот правец Сецесија (Art Nouveau) во Велика Британија. Бил фасциниран од јапонската уметност и нејзиниот однос кон едноставната форма и природните материјали што и сам ги користел. Повеќе користел текстури и сенка како одраз на креативното изразување отколку орнамент кој е користен на Запад. Во западната култура мебелот е виден како начин на покажување на богатството на сопственикот, а вредноста на објектите е гледана по бројот на часови кои биле потребни за да се направи објектот, додека во јапонската култура фокусот во дизајнот бил во функционалноста и квалитетот на просторот. Неговиот пристап бил да создава за потребите на луѓето, не како масовна продукција туку за поединци како уметничко дело. Во својот пристап ги соединил шкотската традиција и воспитувањето, изразноста на сецесијата и едноставноста на јапонските форми. Покрај мебелот што го дизајнирал, се занимавал и со архитектура. Проектот што му донесол меѓународна репутација е Уметничката школа во Глазгов (1897-1909). Иако неговата кариера била релативно кратка, имал изразени квалитети и влијание врз архитектурата, и денес претставува неизоставно име во книгите за современа архитектура.

03 skotski parlament (3) 03 skotski parlament (2)

Денес, најпозната градба и икона на модерната архитектура во Шкотска е зградата на Парламентот, проектирана од каталонскиот архитект Енрик Миралес. Зградата има репутација на ремек-дело на апстактниот модернизам и најдобро дело на каталонскиот архитект. Според зборовите на архитектот, формата е инспирирана од шкотскиот пејзаж и цртежите на цвет од споменатиот архитект Мекинтош. Интересно е што според некои истражувања на јавното мислење, овој објект бил четврти на листата за рушење, додека стручната јавност го сметала објектот за брилијантно архитектонско решение кое добило бројни награди, а една од најзначајните е Стерлинговата наградата на RIBA во 2005 година. Архитектот Енрик Миралес немал можност да го види завршено своето дело во 2004 година, и да го добие признанието во 2005 година, бидејќи починал во 2000 година.

06 muzej transporta u glazgovu (10) 06 muzej transporta u glazgovu (3)

Секако, најпознатата жена – архитект на светот Заха Хадид и нејзиното студио се автори на Музејот на транспорт „Риверсајт“ во Глазгов. Глазгов е град кој има репутација на индустриски град во сенка на попознатиот Единбург. Ваков објект му бил потребен и заради големиот број посетители, а иконите на архитектурата главно ги имаат, што е феномен кој го започнал уште Френк Гери со познатиот пример, пионерот во брендирање на просторот со архитектура – Музејот Гугенхајм во Билбао. Зборувајќи за формата на објектот, Музејот на транспорт во Глазгов има облик на тунел кој ги поврзува брегот и градот, отворен на краевите. Најзначајната фасада, онаа кон брегот, има облик на бран. На краевите, фасадата се состои од стаклени површини кои овозможуваат продор на светлина во внатрешноста на објектот, но и визуелна конекција со околината. Музејот е отворен во 2012 година, а за една една година го посетиле над два милиони луѓе.University of Aberdeen New Library University of Aberdeen New Library University of Aberdeen New Library

Уште еден објект е значаен во современата архитектура на Шкотска, а тоа е Библиотеката на универзитетот Абердин. Проектот е на данското студио „Шмит Хамер Ларсен“. Во септември 2012 година, кралицата Елизабета Втора свечено ја отворила новата библиотека. Објектот има 15.500 квадратни метри и претставува современ простор за учење и истражување на студентите, научниот кадар и посетителите. Во основа формата на објектот е едноставна, ја прави еден кубус со стаклена фасада која е „прошарана“ со неправилни вертикални елементи кои придонесуваат за динамичноста на објектот преку ден но и во текот на ноќта. Внатрешниот простор го карактеризира присуството на спирален атриум кој се протега на осум катови колку што има објектот. Објектот има и сертификат за енергетска ефикасност според стандардот Бриам (BREEAM), британски стандард во зелената градба.01 skotska kuca (2) 07 centar za dnevnu negu u Dunu (2)

На крај, покрај иконичната архитектура и наградените проекти, треба да се споменат и скромните проекти кои презентираат на некој начин есенција на модерната архитектура на Шкотска, заснована на традиционалните форми на тоа поднебје. Архитектонското студио на Оливер Чемпмен од Единбург, дизајнирало 14 единици за дневна грижа на луѓе со посебни потреби, каде фокусот бил ставен на создавање домаќински и пријатен амбиент за корисниците. Објектите со својот изглед потсетуваат на традиционални станбени куќи од тој крај. Нивната форма е сведена и едноставна, правоаголни објекти со кос покрив, кои не ја нарушуваат околината туку природно се вклопуваат во пејзажот во кој се наоѓаат. Просторниот распоред на објектите на парцели претставува ненаметлива целина која потсетува на традиционална населба со поголем број станбени куќи, кои совршено му прилегаат на шкотскиот пејзаж.

Архитектурата на Шкотска веројатно не е историски богата како архитектурата на некои други земји од северот на Европа, но претставува добар пример на традиционално рационалното градежништво кое зрачи со логика. Покрај сите замоци и цркви, Шкотска секогаш ќе биде попозната по своите пејзажи, а среќа е што низ историјата Шкотите разбрале дека покрај толку богатиот пејзаж што го има нивната земја, архитектурата мора да има задача што подобро и ненаметливо да се вклопи во таа околина. Изгледа во тоа и успеале.

Испрати коментар

Scroll To Top