Насловна / Вести / Шише „Фонтус“ кое само се полни со вода!

Шише „Фонтус“ кое само се полни со вода!

Австралискиот дизајнер Кристоф Ретезар конструираше шише за вода кое не морате да го надополнувате, бидејќи тоа самото создава вода директно од воздухот.

„Волшебното шише“ наречено „Фонтус“, првенствено е наменето за луѓе кои живеат во подрачја каде што има недостиг на чиста вода за пиење.

Како што објави „Теч Инсајдер“, шишето функционира на тој начин што едноставно ја конденизра влагата во воздухот.

– Каде и да се наоѓате во воздухот има одреден процент на влажност – дури и во пустините. Тоа значи дека влагата секогаш може да се извлече од воздухот, изјави Ретезар за „Теч Инсајдер“.шише што само се полни со вода

Шишето има мала соларна плочка на врвот од која се напојува неговата батерија, на која се поврзани мали влакна, налик на оние на четките за заби, кои ја извлекуваат влагата од воздхот и ја претвораат во вода.

Во идеални услови, при влажноста на воздухот од 80 до 90 проценти, „Фонтус“ може да „произведе“ околу половина литар вода за време од еден час.

Прототипот содржи дури и филтер како во течноста не би можеле да влезат нечистотии, а Ретезар размислува и за тоа да постави и дополнителен карбонски филтер како добиената вода би била питка, дури и кога се добива од контаминиран воздух.

По презенатцијата на својот пронајдок, Ретезар започна да прибира средства за отпочување на комерцијално производство на шишето.

Испрати коментар

Scroll To Top