Насловна / Вести / Шармантен стан на индустриската естетика

Шармантен стан на индустриската естетика

Индустрискиот стил на уредување на ентериери доминира последните неколку години, па така, можеме да го најдеме во куќи, станови, барови и ресторани. Често е во комбинација со сеприсутниот минимализам, а дизајнерското студио RÄS Studio токму тоа го демонстрира во својот најнов проект. La Diana е проект за преуредување на стара резиденција во современо здание, и тоа со повеќе цели.индустриски стил_7

Според самите дизајнери, проектот претставува вежба на визуелно и функционално поврзување на два посебни ентитета – простор за комерцијална употреба и простор во кој ќе живеат самите сопственици. На приземјето, исто така, му припадна функција на комерцијален простор, додека првиот кат е резервиран за станбен дел. Бидејќи се работи за голем отворен простор со високи тавани, архитектите решиле да го поделат на два ката, и тоа со поставување на скалила на цврста бела основа.индустриски стил_3

Што се однесува до естетиката, целта биле споменатите индустриски елементи, но и минимализмот. Некои ѕидови останале соголени, другите материјали кои доминираат се тула и бетон, додека палетата на бои е многу едноставна – црна, бела и беж нијанси кои се дополнети со зеленило од некое растение.индустриски стил_8 индустриски стил_6 индустриски стил_5 индустриски стил_4 индустриски стил_2 индустриски стил_1

Испрати коментар

Scroll To Top