Насловна / Арт и дизајн / Сергеј Андреевски на Интернационална средба на уметници „Ин ситу“ во Тунис

Сергеј Андреевски на Интернационална средба на уметници „Ин ситу“ во Тунис

Sergej Andreevski

Уметникот Сергеј Андреевски е најавен како ексклузивен гостин на првата Интернационална средба на уметници со наслов „Ин ситу“ што се одржува од денеска до 13 август во Тунис. Престојот на Андреевски е целосно поддржан од министерот за култура на земјата-домаќин.

На настанот, што го организира тунискиот Синдикат на ликовни уметници, учествуваат уште 25 уметници од 23 земји од светот и 20 млади уметници од Тунис.

Идејата на организаторот е да направи синергија меѓу различните форми на уметност: танц, поезија, музика, ликовна уметност … , а сето тоа ќе се случува во магичниот амбиент на Сиди Бу Саид (Sidi Bou Said) т.н. „Син град“.

Sidi Bou Said Tunis

– Сакаме да направиме средба што ќе биде спонтана, исполнета со импулсивност, забава, една поинаква музика…; ни треба време за заедничка дружба, да се запознаеме меѓу себе, да ги прифатиме нашите различности; преферираме спонтаност, искрена уметност, ослободување на потиснатото, уметност без цензура – далеку од вревата на светот и хоророт на војните, изјави Махмуд Чалби, еден од најмаркантните туниски уметници и член на организациониот одбор.

По Тунис, ликовното патешествие на Сергеј ќе продолжи во Словачка каде што ќе биде гостин на Меѓународната ликовна колонија „ДунАрт“ во градот Шаморин.

Испрати коментар

Scroll To Top