Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Секое вложување во термоизолација на објекти е многу исплатливо

Секое вложување во термоизолација на објекти е многу исплатливо

Energetska efikasnost izolacija

Потрошувачката не енергија кај крајните корисници во Македонија е четири пати повисока во однос на земјите од ЕУ. Евидентно е дека мора многу да се работи на подобрување на енергетската ефикасност и рационална потрошувачка на енергија. Од вкупната енергија најголем дел се троши во објектите, особено во станбените објекти. Подобрувањето на енергетската ефикасност е една од обврските на земјата на патот кон ЕУ. Во енергетски ефикасните куќи животот е покомфорен и поевтин. Заштедата на енергија носи пониски сметки за електрична енергија и греење.

Infrared thermovision image showing lack of thermal insulation on House

Европските искуства покажуваат дека вложувањата во енергетска ефикасност може да влијаат на зголемување на БДП и до 1% годишно. Иако се потребни значителни средства, се работи за инвестиции речиси без никаков ризик, и краток период на враќање на вложените средства. За вложување во термичка изолација и промена на прозорци и врати, инвестицијата се враќа за период до три години.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top