Насловна / Арт и дизајн / Секое шише е само по себе уметничко дело

Секое шише е само по себе уметничко дело

Познат по иновативните пијалоци, DeLeon Tequila и Virginia Black Decadent American Whiskey, Brent Hoking е добитник на бројни награди. Тој е уметник во креирање на фантастични алкохолни пијалоци, кои ги обожува целиот свет. Неговата најновата соработка е со славниот рапер Drake, а Hoking ги претстави двата шампањца во рамки на својата најнова колекција Mod Selection – Reserve и Rose.

1

Кога го прашале како дошло до тоа некој кој прави јаки алкохолни пијалоци да зачекори во светот на шампањот, тој изјавил: „Ако знаете било што за мене, тогаш секако дека знаете дека мојата страст секогаш била виното. Почнав да правам текила во вински буриња. Шампањот е за мене природна прогресија.“

2
Во секој случај, неговата револуционерна визија досега профили на нови шампањци, како и до дизајнот на стаклото во кое се наоѓаат. Неговите нови изданија се чисти, елегантни, избалансирани и свежи, а највеќе содржат Pinot Meunier, поради кој се лесни и проѕирни.

3

Шампањот Mod Reserve е деликатен, а окарактеризиран е со океанска арома која е помешана со бел цвет и едвај приметен вкус на лешник, додека крушка и црвени јаболка создаваат елегантна тензија. Од друга страна шампањот Rose е пожив со арома на дива јагода, вишња и брусница, поради што е интензивен, но истовремено свеж и лесен.

4
И двата пијалока се наоѓаат во рачно изработени шишиња, но не постојат две кои се исти. Како што вели самиот творец, секое шише е само по себе модерно уметничко дело.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top