Насловна / Архитектура / Куќа во Иран составена од три неправилно наредени „кутии“

Куќа во Иран составена од три неправилно наредени „кутии“

Три волумени се наредени еден врз друг за да ја формираат оваа куќа во близина на Техеран, Иран. Секој волумен е свртен под различен агол со што се овозможува и различен поглед на околината. Архитектите Lida Almasian и Shahin Heidari од бирото New Wave Architecture ја проектирале оваа куќа наречена Mosha House за градежен инженер и неговото семејство. Куќата е смсетена на стрм рид на планинскиот венец Alborz.

2
За да го искористат најдоброто од локацијата и убавите погледи, архитектите проектирале три еднокатни блокови застаклени на краевите, кои гледаат како на врвовите на планината, така и на рамнината Moshа.
Трите бетонските блокови се наредени неправилно, формираат конзоли, обоени се бело, а тимот имал за цел да создаде „чистота“.

1
„Интензивната топографија и локацијата меѓу планини со поглед на рамнината Moshа, не инспирираа да создадеме чувство на суспензија и широки погледи за сите простори”, велат архитекти.
„Стрмиот наклон на локацијата овозможува совршено чувство на суспензија за секоја кутија”, додаваат.

3
Поради изместениот распоред на кубусите на покривот на секој блок и покрај застаклувањето на конзолните краеви формирани се тераси, со што се придонесува да се зголеми надворешниот простор и вклопи во станот.

6
„Страните на кутиите свртени кон рамнината имаат прозорци од подот до таванот со бројни панорамски погледи”, изјавува тимот.
„Големите прозорци се како транспарентна завеса помеѓу внатре и надвори ги исполнуваат ентериерите со природни погледи”.

10
Главниот влез во објектот е поставен на горниот кат, каде поминува пристапниот пат, но исто така може да се пристапи и преку патеки од долниот дел на локацијата.

9
„Нашата цел за спојување на природата со живот на станарите на куќата нè доведе до вертикална дистрибуција на функциите и помало искористување на земјиштето за зградата, а со тоа и распределување на поголем дел од земјиштето за зелено уредување.”, рекоа архитекти.

7
Двете спални заедно со влезната партија и гаража поставени се на највисокото ниво, додека дневната соба, кујната и трпезаријата се подолу.
Базенот кој се протега околу подножјето на скалите поставен е зад застаклената фасада на најнискиот волумен, заедно со сауната и барот.
Кружните скали направени од бледо дрво се протегаат низ просторот онамо каде се пресекуваат трите кутии.

8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top